Скромен старт, инвестициите во јануари 16,3 милиони евра

Bez autora
Apr 01 2014

Скромен старт на странските директни инвестиции во земјава, СДИ. Според податоците објавени на веб-страницата на Народна банка на Македонија, во јануари годинава влегле само 16,3 милиони евра, што е речиси двојно помалку во споредба со истиот месец минатата година, кога се пресметани 34,6 милиони евра директни инвестиции. Од вкупно 16,3 милиони евра СДИ во јануари годинава на акционерски капитал и реинвестирана добивка отпаѓаат 14,4 милиони евра, што според експертите е свеж капитал што влегол во земјава. Во првиот месец од годинава нема голем одлив на капитал од странските компании што работат во земјава кон нивните мајки- фирми. Или во јануари, тие изнесувале 0,8 отсто од вкупната сума на инвестиции или околу 800 илјади евра.

Скромен старт, инвестициите во јануари 16,3 милиони евраСкромен старт на странските директни инвестиции во земјава, СДИ. Според податоците објавени на веб-страницата на Народна банка на Македонија, во јануари годинава влегле само 16,3 милиони евра, што е речиси двојно помалку во споредба со истиот месец минатата година, кога се пресметани 34,6 милиони евра директни инвестиции.

Од вкупно 16,3 милиони евра СДИ во јануари годинава на акционерски капитал и реинвестирана добивка отпаѓаат 14,4 милиони евра, што според експертите е свеж капитал што влегол во земјава. Во првиот месец од годинава нема голем одлив на капитал од странските компании што работат во земјава кон нивните мајки- фирми. Или во јануари, тие изнесувале 0,8 отсто од вкупната сума на инвестиции или околу 800 илјади евра.

Инаку, во цела 2013 година нивото на странските инвестиции изнесуваше 251,5 милиони евра, а само лани во декември влегоа значајни 28,8 милиони евра. Најдобри инвестициски месеци во 2013 биле јануари, јули и август кога се инвестирале по приближно 35 милиони евра, а одлив на капитал имаше во април и во септември, минус 8,9 милиони евра и 4,9 милиони евра. Велика Британија, Австрија и Германија лани биле најголемите инвеститори. Од Обединетото Кралство се инвестирани 44,63 милиони евра, австриските инвестиции биле на ниво од 36,54 милиони евра, додека германските изнесуваа над 27 милиони евра.

Ланската прогноза на Владата се исполни, во 2013 година заврши со солиден раст од околу 250 милиони евра, особено ако се има предвид дека таа сума беше за три и пол пати поголема во споредба со онаа во 2012 година, која заврши со инвестиции од само 72 милиони евра.

За годинава Владата најавува 350 милиони евра странски инвестиции и околу 500 милиони евра капитални инвестиции.

Во текот на минатата година, како и на почетокот од оваа, владини тимови беа на повеќе роуд-шоуа во Канада, Америка, Индија, Кина, Турција, Скандинавија, Катар, Велика Британија, Германија, Италија... Во економските зони лани беше означен и стартот на производството на неколку компании, како што се: „Кемет електроникс“, па втората фабрика на „Џонсон мети“ и на „Џонсон контролс“ во Штип, „Продис“ , „Текнохозе“ , „Кромберг и Шуберт“, „Дрекслмаер“ и „Ван Хол“.

Привлекувањето странски инвеститори е и една од главните теми во предизборните митинзи на владејачката партија, а Владата во повеќе наврати најави дека годинава ќе има наплив од инвестиции, или 20-тина во економските зони, од кои имињата на првите 6 компании ќе се знаат на почетокот од април. Две инвестиции засега се познати. Тоа се германската „Маркард“, вредна 35 милиони евра, чии менаџери најавија дека во април или мај ќе почнат да ја градат фабриката во Велес, и инвестицијата од 5 милиони евра на италијанската „Итек“, која во индустриската зона во Тетово го најави почетокот на изградба на објектот каде што ќе се произведуваат композитни материјали.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik